Утрински Весник
Македонија

Оваа седмица ни носи пониски температури, но и понатаму ќе бидеме далеку од вистинската зима!

T2m 089 660x330 1.png

Оваа седмица во Македонија ни носи повеќе облачност, но и нешто пониски температури на воздухот за разлика од минатата. Сепак сеуште сме далеку од онаа вистинска зима и температури како што доликуваат за овој период од годината.

Повремено ќе има и локални слаби врнежи од дожд, а на планините над 1400-1500 метри надморска височина ќе провејува снег. Повремено снежната граница би можела да се спушти и на планините и под 1400 метри надморска височина. Најмногу сонце оваа седмица ќе имаме во четврток и во петок.

Од утре ќе започне да дува  и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието (повремено со брзина до околу 60 км/час).

Во Скопје исто така ќе има услови за локален краткотраен и слаб дожд, а од утре ќе дува  и повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, утринските особено од среда на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 0 степени,  а максималните дневни ќе се искачуваа тво интервалот од 6 до 14 степени.

Можете да прочитате

Павловска најави нов протест против фемицидите на 25 ноември

Михаилова тврди дека баба и била „киднапирана“ на граница, МВР вели дека разговорот траел два часа

Павловска за случајот во Богданци: Едномесечното отсуство од настава требало да биде сигнал за реакција