Утрински Весник
Македонија

ДСЗИ: Колабирано белодробно крило и кардиореспираторна инсуфициенција причина за смртта на новороденчето од Арачиново

Dzsi skopje.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Колабирано белодробно крило, отежнато дишење, едем на мозокот и кардиореспираторна инсуфициенција се причините за смртта на новороденчето на В.И. од Арачиново, покажува медицинската документација обезбедена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, информираше дека до Министерството за здравство е иницирано формирање комисија за стручен надзор, која треба да утврди дали имало пропусти во лекувањето и третманот на детето на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Тој посочи дека по наредба на министерот за здравство, вчера бил извршен вонреден инспекциски надзор на клиниката, поврзан со лекувањето на новороденчето кое починало на 1 октомври. Според увидот во медицинската документација, родилката В.И. се јавила на преглед на 27 септември и како итен случај била хоспитализирана на Одделот за патолошка и високоризична бременост. На 28 септември било извршено породување со царски рез, а родено е живо машко новороденче, прематурус во 36. недела.

Поради респираторен дистрес, четири часа по раѓањето детето било префрлено на Одделот за интензивна нега, каде била утврдена состојба на парцијален пнеумоторакс. Детето било интубирано, приклучено на механичка вентилација и вклучено на антибиотска терапија, а по консултација со детски хирург бил препорачан конзервативен третман. На 1 октомври состојбата на новороденчето се влошила, при што бил констатиран масивен пнеумоторакс, едем на мозокот и била извршена кардиопулмонална реанимација, но без успех.

Смртта настапила во 19 часот истиот ден. Издадено е барање за обдукција до Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, но до моментот на инспекцискиот надзор извештајот сè уште не бил изготвен. Родилката била испишана од клиниката на 1 октомври по сопствено барање, спротивно на совет од лекар. За случајот заседавала и Комисијата за квалитет на здравствена заштита на клиниката.

Можете да прочитате

Виолетова зона над Скопје: Екстремно загаден воздух со AQI 210 – воздухот опасен за здравјето!

Грчкото МНР реагира на изјавите на Мицкоски за името Македонија

Фатих Шахбаз застанува на чело на Халкбанк