Утрински Весник
Економија

Државата објави нова граѓанска обврзница но со намалена камата од претходно

Denari Pari.jpg

Министерството за финансии денеска го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година.

„Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува 4,5%, а рочноста на обврзницата е 2 години“ велат од МФ

Тоа е за 0,5 процентни поени помалку, односно во апслоутен износ за 10 проценти помалку отколку од претходните вакви обврзници каде каматата беше 5% исто така на две години.

Аукцијата ќе се одржи на 12 декември. Понудите се доставуваат во деловните банки во земјава.

Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година.

Можете да прочитате

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука”

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички

Мицкоски: Оваа влада за 2 години успеа да го покачи номиналниот БДП за 140 милиони долари повеќе, отколку СДСМ за 6 години