Утрински Весник
Свет

Дрво падна врз 12-годишно девојче во Србија, повреден и маж – невремето корне покриви, делови од земјата без струја

Дрво падна врз 12-годишно девојче во Србија, повреден и маж – невремето корне покриви, делови од земјата без струја

Девојче (12) и маж (74) се повредени денеска во Нови Сад во невремето што по Словенија и Хрватска ја зафати и Србија.

dobivaj vesti na viber

Девојчето кое било удрено од дрво е згрижено на лице место, и е во стабилна и свесна состојба, а по укажаната помош е пренесено на одделот за детска хирургија при Заводот за здравствена заштита во Нови Сад.

Седумдесет и четиригодишен маж паднал од скутерот од невремето. На лице место му била укажана помош и е пренесен во хируршкото одделение на ургентниот центар на клиничкиот центар на Војводина, изјави за „Н1“ портпаролот на итната помош,  Зоран Круљ.

Ветрот однел покрив од училиште, а на повеќе локации откорнати се дрвја. Граѓаните пријавуваат материјална штета. Во некои делови од градот немало вода и струја.

Невремето вечерва го зафати и Белград.

 

Можете да прочитате

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан

Во сабота, Исланд ќе гласа за повторно отворање на преговорите за членство во ЕУ

160 загинати и близу 1000 исчезнати по поплавите во Непал