Утрински Весник
Македонија

Дрога и мобилни телефони пронајдени при претреси во затворот во Скопје

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер

Дрога и мбилни телефони биле пронајдени при претреси во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Имено, денеска Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

При контролата, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.

По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираат надлежните.

Можете да прочитате

Фетаи поднесе оставка откако со месеци не се појавил на работа

„Безбеден град“ регистрираше 28.494 прекршоци за еден месец – најмногу за брзо возење

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство