Утрински Весник
Свет

Драматични снимки од Полска, откако пукна брана: Ќе го поплави градот (ВИДЕО)

Uploads Thumbs Resize 800x420 659441.jpg

Поради закана од поплави, градоначалникот на општината Пачков во областа Ниса во Полска нареди евакуација на дел од градот.

Вонредната мерка е донесена откако пукна браната во Пачково.

Тој наредил итна евакуација на жителите од долниот дел на Пачково, долниот дел на Козиелна и долниот дел на Стари Пачково, пренесува wyborcza.pl.

На видеата на социјалните мрежи се гледа како вода блика по пукањето на браната.

„Штотуку пукна браната на акумулацијата Топол. Водата тече со многу голема брзина кон акумулацијата Козиелно. Тоа значи многу висок ризик од поплави за блискиот град Пачков“, се само дел од пораките што се шират на социјалните мрежи.

Како што се наведува на мрежите, постои опасност водата да го потопи градот.

Можете да прочитате

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Нетанјаху му се закани на Либан дека ќе биде срамнет како Газа

Изборите во САД ќе чинат 15,9 милијарди долари