Утрински Весник
Свет

Драма во авион што полетал од Тирана: патник починал за време на летот, имало итно слетување

Screenshot 2024 11 12 082225.jpg

Патник починал за време на лет во авион на Рајанер, пренесува Билд.

Според медиумите, инцидентот се случил во неделата вечерта во авион кој летал од Тирана, Албанија за Манчестер, Англија.

Авионот принудно слета во Лондон.

Според извештаите на медиумите, авионот веќе ги прелетал Швајцарија и Франција кога се случил инцидентот. Спасувачките екипи чекале на аеродромот Станстед во Лондон, но за жал можеле само да ја потврдат смртта на патникот.

Станува збор за маж, но засега не се знае колку години имал, ниту околностите на неговата смрт.

Портпаролот на службата за брза помош на Источна Англија го потврди инцидентот.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот