Утрински Весник
Свет

Драма на самитот во Египет: ЕУ се заканува со напуштање на преговорите за климата

Драма на самитот во Египет: ЕУ се заканува со напуштање на преговорите за климата
Ss2

Европската унија предупреди дека е подготвена да ги напушти преговорите за климата доколку не биде постигнат договор, но рече дека сепак верува оти договор може да биде постигнат денеска меѓу преговарачите на самитот COP27 во Египет.

dobivaj vesti na viber

„ Мораме да одиме напред, а не назад и сите министри (ЕУ) се подготвени да заминат ако немаме резултат што одговара на она што светот го чека – имено да направиме нешто за оваа климатска криза – рече високиот претставник на ЕУ за климатска политика, Франс Тимерманс, објави „Ројтерс“.

300x250 (7)

Говорејќи пред новинарите на маргините на самитот, тој ги повика другите страни во разговорите да возвратат на напорите за постигнување договор, особено за финансирање на посиромашните земји погодени од климатските катастрофи.

„ Сметаме дека позитивен резултат и денеска е на дофат. Но, ние сме загрижени за некои работи што ги видовме и слушнавме во последните, да речеме, 12 часа“ – рече тој.

„ Повеќе би сакале да немаме одлука отколку лоша одлука – додаде Тимерманс.

Франција објави дека климатските разговори на COP27 во Шарм ел Шеик сè уште не доведоа до договор што може да го спречи порастот на глобалните температури во оваа фаза.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња