Утрински Весник
Македонија

„Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент

„Драга Снежана, јас не сум претседател на Украина“: пратеничката на СДСМ му го згреши името и функцијата на спикерот на украинскиот парламент
Dik 300x250 mk

Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека тој е привремен претседател на Украина.

dobivaj vesti na viber

Со претседателот на Врховната рада Стефанчук, Ванчева Калеска се запознала при студиска посета на шведскиот парламент Ригсдаг, а погрешно напишала и дека тоа е „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“. Таа додава и дека тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина.

Набрзо, под нејзината објава Стефанчук се огласи со коментар за да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и дека не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.

„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија.

Руслан Стефанчук е на чело на Врховната рада од 2021 година.

Пратеничката од СДСМ, ја поправи својата објава на Фејсбук, откако пратеникот Антонијо Милошоски го објави нејзиниот статус со грешка во името на соговорникот.

Можете да прочитате

Предложен притвор за недозволено држење муниција

Сиљановска-Давкова: 25 години по Резолуцијата 1325 – од неми сведоци и жртви на конфликтите до активни мировни актерки

Приведен германски државјанин на ГП Табановце, пронајдена дрога