Утрински Весник
Свет

Најмалку 55 лица се удавија во Франција обидувајќи се да се разладат од екстремните горештини

20260621155048 big 730x400 82.webp.webp

Најмалку 55 лица се удавија во Франција додека се обидуваа да се разладат од рекордните горештини – изјави министерката за спорт Марина Ферари за радиодифузерот Франсинфо.

Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми во наредните денови бидејќи 61 департман е под црвена тревога поради екстремните температури, а уште 25 се под портокалова тревога.


Според Метео-Франс, температурите денеска во различни делови на земјата ќе се движат меѓу 36 и 41 степен Целзиусов.

Министерката за здравство Стефани Рист предупреди дека болниците би можеле да се соочат со многу тежок крај на неделата бидејќи расте бројот на посетите на ургентните одделенија и повиците до службите за итна помош.

Парискиот полициски префект Патрис Фор изјави дека болниците во Париз и во околниот регион веќе се преоптоварени.

Премиерот Себастиен Лекорни вчера го објави активирањето на третото ниво од здравствениот итен план ОРСАН, што го оцени како „највисоко ниво на мобилизација на здравствениот систем“.

Париските власти, исто така, ја забранија консумацијата на алкохол на јавни места од пладне денеска, како дел од мерките за справување со последиците од топлотниот бран.

Можете да прочитате

Прогласена вонредна состојба на Крим, илјадници возила заглавени на Кримскиот мост

Мал авион се урна во највисоката зграда во Пекинг

Болтон ќе плати 2,25 милиони долари казна и ќе одработи 100 часа општествено корисна работа поради задржување доверливи информации