Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Дождливо време во Македонија, локално ќе наврнат над 20 литри дожд

Meteoalarm.mk 10.png
Dik 300x250 mk

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот до крајот на денов и утре (сабота 18 октомври) во нашата Република Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои особено во западните  и во југозападните предели ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 20 литри дожд на метар квадратен. И во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, повремено и со умерен интензитет.


Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа долж Повардарието од југоисточен а во западните предели од источен и од североисточен правец. Поради продорот на поладен воздух од североисток денес на највисоките планински места во нашата Македонија (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови и за повремен снег.

Што се однесува до температурите тие денес ќе бидат под просекот за овој период од годината  и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени а утре (сабота 18 октомври) тие ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Во Скопје  и околината денес температурата ќе се искачи до околу 12 степени а утре таа ќе биде малку повисока  и ќе се искачи до околу 16 степени.

Можете да прочитате

Од вечерва почнува изборниот молк за локалните избори

Митовски: Ниту закани, ниту полиција не можат да ја скршат волјата на Паланчани

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ