Утрински Весник
Македонија

Доверливиот избирачки материјал од битолската печатница почна да се дистрибуира до Општинските изборни комисии

Poshta.jpg

Од битолската печатница „Киро Дандаро“ пред неколку часови започна дистрибуицијата на избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.

– Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК.

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните избори 1.815.350 избирачи.

Можете да прочитате

„Стави појас” – превентивна активност на СВР Тетово

Левица одбележа 10 години постоење

Почина Горан Крстев, поранешен градоначалник на Чешиново – Облешево