Утрински Весник
Македонија

АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ОКОЛУ ТОА КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРЕТСТОЈНАТА ВЕЧЕР И НОЌ, КОГА СИТЕ НИЕ СМЕ ВО ЦРКВА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН

Messenger Creation 8c81b300 923b 4d99 B462 49c47d2ac9a4.jpeg

Во текот на претстојната вечер и ноќ, и тоа во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, кога сите ние сме во црква, територијаната на Македонија ќе се наоѓа под влијание на свежа воздушна маса од север, но времето ќе биде претежно суво и без врнежи, а облачноста постепено ќе се намалува.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, што значи дека ќе бидат под просекот за месец мај, па така облекувајте се во малку потопла облека вечерва, а чадор нема да ви биде потребен.

Во Скопје ќе имаме слично време, релативно свежо, суво и со слаб до умерен ветер од северен правец. Темпратурата ќе изнесува 8 степени.

НЕКА НИЕ ЗА МНОГУ ГОДИНИ ОВОЈ НАЈГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК “ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН”

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела, локално по силно невреме во Македонија

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра