Утрински Весник
Македонија

Досегашната македонска влада најтранспарентност во регионот со 79%, според Индексот на отвореност

Metamorfozis.jpg

Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ, со исполнети 79.14% е најотворена во регионот според Индексот на отвореност, согласно резултатите од последниот мониторинг, стои во објавата на Фондацијата Метаморфозис на социјалните медиуми.

Резултатите од истражувањето покажуваат и дека владите во државите од регионот не постигнале значителен напредок во однос на проактивна транспарентност и отвореност кон граѓаните. Според индикаторите на отвореност по нашата држава  е Советот на министри на БиХ, со исполнети 73,31 % од индикаторите на отвореност.

Анализата се однесува на мерењата за 2022 година, издадена 2023 година, и е дел од публикацијата „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку индексот на отвореност“, изработена од Фондација Метаморфозис.

Можете да прочитате

Жена тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

Малолетничка најдена предозирана во Карпош

МНР со апел до македонските граѓани кои се наоѓаат во ОАЕ, Катар, Квајт и Бахреин