Утрински Весник
Свет

Дописниците на Ал Џезира и јапонскиот весник Асахи Шимбун убиени во Појасот Газа

Press 1024x683.avif.avif
Dik 300x250 mk

Двајца новинари, дописник на јапонскиот дневен весник Асахи Шимбун и репортер на Ал Џезира, загинаа во израелските напади во Појасот Газа, јавија медиумите.

Асахи Шимбун јави дека дописникот Мохамед Мансур (29) бил убиен во неговиот дом во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, додека Ал Џезира ја идентификувала втората жртва како нејзиниот дописник, 23-годишниот Хосам Шабат.


– Нападите врз цивили, вклучително и новинари, никогаш не се прифатливи под никакви околности, пишува јапонскиот дневен весник.

Вкупниот број на новинари убиени во Газа откако Израел почна воена офанзива во октомври 2023 година, во моментов изнесува 208, според властите во Газа.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, на прес-конференција рече дека овие убиства се „уште еден пример за опасностите со кои се соочуваат новинарите во Газа и секоја конфликтна зона, а новинарите треба да бидат заштитени на секој начин

Можете да прочитате

Забраната на возилата со мотори со внатрешно согорување во ЕУ и здравјето на луѓето

Драма на небото: Изби пожар во авион на 10.000 метри (ВИДЕО)

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи