Утрински Весник
Спорт

Дончиќ и Ирвинг ја решија Филаделфија

Дончиќ и Ирвинг ја решија Филаделфија

Далас Маверикс го добија дербито против Филалделфија во НБА лигата. Победи изминатата ноќ забележаа Голден стејт, Вашингтон и Сан Антонио.

dobivaj vesti na viber

Тандемот Лука Дончиќ-Кајри Ирвинг испорача 82 поени. Маверикс решавачката предност ја стекнаа во третата четвртина која ја добија со 39:24.

Дончиќ постигна 42 поени, Ирвинг два помалку. Словенецот имаше и 12 асистенции и четири скока.
.
Филалделфија ја предводеа Џоел Ембиид со 35 поени и осум скока, Тајрис Макси имаше 29, а Џејмс Харден забележа 27 поени и 13 скока.

Голден стејт Вориорс убедливо славеа над ЛА Клиперс со 115:91, Вашингтон славеа со 119:108 во дуелот со Торонто Репторс, а Сан Антонио ја победија Индијана со 110:99.

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС