Утрински Весник
Спорт

Дончиќ блескаше против Чикаго, Кари му пресуди на Бостон

Untitled 1 16.jpg
Dik 300x250 mk

Лука Дончиќ, изминатата ноќ, го предводеше Далас до убедлива победа над Чикаго, а Стеф Кари блескаше во победата на Голден Стејт на гостувањето кај актуелниот шампион Бостон.

Далас го совлада Чикаго со 119:99. Блескаше Лука Дончиќ, кој мечот го заврши со 27 поени, седум скока, 13 асистенции и четири украдени топки.

Ирвинг и Гафорд го следеа со по 17 поени, а Клеј Томпсон уфрли 13 поени.

Кај Чикаго, Никола Вучевиќ забележа дабл-дабл со 14 поени и 10 скока, Матас Бузелис додаде 15 поени, Џош Гиди 10.

Далас Маверикс сега имаат 5-3, додека Булс 3-4.

Голден Стејт го совлада актуелниот шампион Бостон со 118:112.

Стеф Кари ги предводеше Вориорси со 27 поени (4/9 тројки), со девет асистенции и седум скока, додека Ендрју Вигинс и Бади Хилд додадоа по 16 поени.

На Селтикси не им помогнаа 32-те поени на Џејсон Тејтум, втор по ефикасноста кај Селтикс беше Дерик Вајт со 26 со шест скока.

Голден Стејт има седум победи и еден пораз, додека Бостон седум победи и два порази.

Резултати:

Индијана – Орландо 118:111
Шарлот – Детроит 108:107
Атланта – Њујорк 121:116
Бостон – Голден Стејт 112:118
Хјустон – Сан Антонио 127:100
Мемфис – ЛА Лејкерс 114:131
Њу Орлеанс – Кливленд 122:131
Далас – Чикаго 119:99
Феникс – Мајами 115:112
Денвер – Оклахома 125:123
ЛА Клиперс – Филаделфија 110:98
Сакраменто – Торонто 122:107

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа