Утрински Весник
Свет

Доминиканската Република објави извештај за уривањето на покривот во ноќен клуб 

20250412110149 big 730x400 74.webp.webp

Владата на Доминиканската Република вчера објави извештај за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб на почетокот на оваа недела, во кој загинаа најмалку 221 лице, но извештајот не ја разјасни причината за трагедијата и се очекува тим од национални и меѓународни експерти да продолжи да ја истражува.

Трагедијата се случила нешто по полноќ во вторникот во преполниот ноќен клуб „Џет сет“, за време на концертот на пејачката Руби Перез, која е меѓу загинатите.


Повеќе од 4.500 работници за итни случаи беа распоредени на местото на настанот, работејќи речиси 59 часа по трагедијата за да бараат преживеани, да ги извлечат телата и да им помогнат на семејствата.

Од урнатините се спасени 189 лица, а 17 од нив се уште се во болница, соопшти Националната здравствена служба.

Оперативниот центар за вонредни состојби (ЦОЕ) соопшти дека салата  била преполна, иако точниот број на присутни не е познат, а причината за уривањето сè уште е под истрага.

Локалните медиуми и сајтовите за издавање билети посочуваат дека клубот може да собере меѓу 700 и 1.000 лица.

Националниот институт за судска патологија се уште работи на идентификување на жртвите и враќање на посмртните останки на нивните роднини.

Ова е најтешката задача што сум ја имал во моите 20 години водење на COE, рече пред два дена началникот на Оперативниот центар за итни случаи, Хуан Мануел Мендез.

Претседателот на Републиката, Луис Абинадер, оваа недела, на последниот ден од периодот на национална жалост, треба да присуствува на комеморацијата во спортскиот центар Полидепортиво Де Хаина.

Можете да прочитате

Запалени салон на Тесла и седиштето на Републиканската партија

Бројот на жртви во уривањето на кров во ноќен клуб во Доминиканската Република се зголеми на 231

Жижек: Комунизам, но не во советска, туку во транснационална смисла, е единствениот начин за спас на човештвото