Утрински Весник
Македонија

Доктори од приватното, се враќале во јавното здравство, вели Таравари

04112024 Taravari 1.jpg

Во рамки на платформата во Владата – „100% посветени за тебе” посветена на ресорите здравство и социјална политика, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во одговор на поставено прашање истакна дека веќе има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство.

„Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри”, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.

На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита”, која се одвива во рамки на Програмата на Министерство за скрининг и рана детекција на рак на дојка.

„Во рамки на кампањата се одржаа повеќе јавни трибини и едукативни сесии низ целата земја, со врвни експерти од оваа област. Централната трибина се одржа минатата сабота во Скопје, во Сити Мол, како панел дискусија, на која едукативно предавање имаа членовите на Националната комисија за скрининг на рак на дојка”, рече министерот.

Можете да прочитате

Струмица го празнува Денот на заштитниците на градот

Ловечко куче извадено од провалија од екипа на Планинската спасителна служба во Охрид

Стојаноска: Oние кои противзаконски постапуваа сега ќе треба да одговараат