Азербејџанските медиуми објавија дека Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот во новиот конфликт во кој има човечки жртви од денеска во 9:00 часот по локално време, пренесува РИА Новости.
„Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан од денеска во 9:00 часот по локално време, објави Спутник Азербејџан повикувајќи се на свои извори, пренесе руската агенција.
Во текот на ноќта дојде до вооружени судири на ерменско-азербејџанската граница, а страните меѓусебно се обвинуваат дека почнале нова ескалација.
Ереван изјави дека азербејџанската армија ја гранатирала територијата на Ерменија користејќи артилерија и беспилотни летала.
Баку објави дека ерменската војска пукала кон позициите на азербејџанските војници на границата, кога се случил судирот.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан ја обвини Ерменија дека има намера да го наруши мировниот процес.
Двете страни пријавиле жртви меѓу припадниците на нивната армија, јави агенцијата РИА Новости.
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан синоќа телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин во врска со влошувањето на ситуацијата на границата со Азербејџан, соопшти прес-службата на ерменската влада.
Ерменската страна разговараше и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кои беа информирани за ситуацијата на границата.
Потоа Блинкен објави дека САД се длабоко загрижени за конфликтот на границата меѓу Ерменија и Азербејџан и ги повикуваат страните веднаш да го прекинат огнот.
Баку објави дека ерменската војска пукала кон позициите на азербејџанските војници на границата, кога се случил судирот.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан ја обвини Ерменија дека има намера да го наруши мировниот процес, пишува медиумот.
Двете страни пријавиле жртви меѓу припадниците на нивната армија, јави агенцијата РИА Новости.