Утрински Весник
Свет

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

Германија има добри шанси успешно да ја преброди зимата и покрај намалениот проток на гас од Русија, благодарение на мерките кои вклучуваат продолжување на животниот век на две нуклеарни централи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

dobivaj vesti na viber

Капацитетот за складирање на гас во Германија е поголем отколку во ова време минатата година и ќе продолжи да се надополнува пред зимата, рече Шолц во говорот во Синдикатот на германските работодавачи, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, германскиот канцелар изјави дека федералната влада планира пакет помош за граѓаните, истакнувајќи дека „никој нема да остане сам“.

Можете да прочитате

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци

Францускиот премиер предлага укинување на два државни празника за намалување на долгот

Трамп: Зеленски не треба да ја таргетира Москва