Утрински Весник
Балкан

Додик: Република Српска ќе го започне процесот на независност како одговор на резолуцијата за Сребреница

Dodik.jpeg
300x250 (7)

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Република Српска, како одговор на резолуцијата за Сребреница, ќе го иницира процесот на независност.

Горд сум на решителноста да се спроведат мерките за независност, рече Додик на прес-конференцијата, пренесува РТРС. Тој истакна дека босанската муслиманска елита си постигна сериозен автогол со резолуцијата за Сребреница.

Img 5587

-Геноцидот во Сребреница не се случи, ако се случи, немаше да има потреба постојано да се крева оваа тема. Пресудите на судовите се однесуваат на поединци, а не на народ – рече Додик.
Според него, во областа на Сребреница од 1992 до 1995 година биле убиени 4.100 муслимани, а никаде не се споменува меѓу 2.500 и 3.500 Срби кои биле убиени таму.

Геноцидот е измислица што ќе не распарчи. Се обидуваат да не принудат да останеме и покрај тоа што не клеветат. Тие сакаат да ја направат Сребреница синоним за геноцид, а сè уште не се знае колку луѓе всушност загинале, рече Додик.

Тој рече дека Република Српска е стабилна и способна да се заштити од сите напади и дека нема да има разговори за прифаќање на резолуцијата за Сребреница.

Мирната поделба е единственото решение за сите народи во БиХ. Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина ги узурпирала надлежностите што и припаѓаат на Републиката, а Изборниот закон на Српска е во согласност со Уставот, рече Додик.

Ss1

Можете да прочитате

Тахири: Курти го збунува светот со приказната за динарот и нанесува неизмерна штета на Приштина

Поднесено обвинение против против поранешниот хрватски министер Баножиќ

Јоурова: Владеењето на правото е основа на европската архитектура, мора да го заштитиме од негативни трендови