Утрински Весник
Економија

Додека јас сум директор на Пазарен инспекторат, никој нема да биде над законот, тврди Трајковски

Додека јас сум директор на Пазарен инспекторат, никој нема да биде над законот, тврди Трајковски

Пaзарниот инспекторат постапува по сите Oдлуки на Владата кои се однесуваат на цените на производите, а тоа значи дека и понатаму ќе работиме со полн капацитет и сите инспектори ќе бидат на терен. Ова го изјави директорот на Пазарен инспекторат Горан Трајковски,

dobivaj vesti na viber

„Никој не е над законот, барем тоа ќе биде така се додека јас сум директор на пазарниот инспекторат. Нема да дозволам да има исклучоци и секој кој прекршил одлука, закон, законски пропис ќе биде санкциониран со соодветна казна“, додаде тој.

Владата на денешната седница ги замрзна цените на овошјето и зеленчукот, кои ќе почнат да се применуваат од среда, 5 април. Опфатени се 11 производи за кои се утврдени највисоки цени со важност до крајот на месецот.

Можете да прочитате

Три нови инвестиции оваа есен, најавува Мицкоски

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Немало загадување во случајот „Мазут“, горивото било по сите стандарди