Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се повреди синоќа на мечот против Феникс кој неговиот тим Далас успеа да го добие.
Дончиќ по три минути го напушти натпреварот поради повреда на скочниот зглоб. Ова е првпат во кариерата Словенецот да го заврши мечот без да постигне ниту еден поен.
По првите лекарски прегледи рендгенот бил негативен, што значи дека првата ѕвезда на Далас, Лука Дончиќ избегна сериозна повреда, нема скршеница или скинати лигаменти.
Очигледно е дека Лука Дончиќ ќе биде на кратка пауза и нема долго да чека за враќање на терените.