Утрински Весник
Магазин

Добивате плата на 1-ви, а ја трошите до 15-ти? Еве како да ви трае од месец до месец

Denari Pari 1.jpg

Во време кога трошоците за живот се зголемуваат, а платите остануваат статични, секојдневното управување со финансиите може да биде вистински предизвик, особено ако сте човек кој не знае да ги задржи своите пари подолго време во џебот.

Сепак, со внимателно планирање и со неколку стратегии, може значително да ја зголемите ефикасноста на вашата плата.

Економистите експерти на оваа тема велат дека клучот за подолготрајност на платата е во смисленото буџетирање и приоритизација на расходите.

Првиот чекор кон максимизирање на приходите, објасуваат тие, е создавање на реален месечен буџет.

„Започнете со запишување на сите фиксни трошоци, како што се кирија, сметки и кредити. Вториот чекор е преглед на променливите трошоци – ова вклучува сè од храна до забава. Третиот чекор е да се идентификуваат области каде што може да се намалат трошоците, без да се жртвува квалитетот на животот. Четвртиот чекор е да се постават финансиски цели, кои се реалистични и достижни. Петтиот и последен чекор е редовно преиспитување и прилагодување на буџетот за да се одразат сите промени во приходите и расходите“, советуваат експертите.

Тие додаваат дека е важно да се запамети дека буџетирањето не е еднократен настан, туку континуиран процес кој бара дисциплина и посветеност.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.

Можете да прочитате

Водата од овој манастир прави чуда: Неподвижни проодуваат, a слепи прогледуваат …

Октромври месец полн со страст и возбуда за пет хороскопски знаци

Возачи, внимавајте: Колку се опасни лисјата на патот?