Утрински Весник
Македонија

Доаѓа влажен бран во нашата Македонија, температурите повторно ќе паѓаат

Esen 5.jpg

Од среда (15 октомври) па во деновите потоа територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од нов влажен и поладен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација ќе имаме зголемена облачност која ќе услови врнежи од дожд во поголем дел од нашата Македонија. Повремено и локално врнежите ќе бидат пообилни а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.


Што се однесува до температурите, тие остануваат да бидат малку под просекот за овој период од годината. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени а преку ден пак тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Можете да прочитате

Албанската полиција: Лицето од ВЛЕН не беше вратено поради дипломатија, туку поради законски пречки

Драма во Тетовско: Рачна бомба активирана пред ресторан, повредени двајца мажи

Запалил оган на нива, пламенот за малку ќе зафател цело село