Утрински Весник
Македонија

До 9 часот на претседателските избори гласале неколку илјади граѓани помалку отколку на парламентарните

Izbori 1.webp.webp

Излезноста на претседателските избори до 9 часот е 4, 17 отсто, а на парламентарните 4,45 отсто, објави Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) на првата прес-конференција утринава.

Тоа значи дека во првите два часа од гласањето неколку илјади граѓани на гласачките места зеле ливче за парламентарните, но не и за претседателските избори.

Најголем одзив за претседателските избори има во општина Пробиштип (8, 85 %), а најмала е излезноста во општина Боговиње (0, 57%).

„Одзивот на парламентарните избори до 9 часот е 4,45 отсто. Најголема е излезноста во општината Кривогаштани (9, 46%), а најмала во општина Боговиње (0, 74 %). Во споредба со парламентарните избори во 2020 година, имаме намалена излезност за 0, 74 проценти“, изјави Даштевски.

Можете да прочитате

Концерт по повод денот на жената ќе се одржи во филхармонија

Хоџа: Одложен процесот за избор на директор на АЕК

Телма открива за колку убиства се сомничи серискиот убиец од кумановско