Утрински Весник
Македонија

Длабока Џеновска циклонска активност носи чести и обилни врнежи

Meteoalarm.mk 2.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на длабока циклонска активност со центар над Џеновскиот залив која постојано ќе се обновува  и ќе го проширува нејзиното влијание до нашиот дел од Европскиот Континент до самиот крај од седмицава во Македонија ќе имаме честа појава на повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни особено за време на викендот кога ќе бидат проследени и со локална појава на грмежи. На повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри ќе има врнежи од дожд и од снег  или врнежи од влажен снег.

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен а во петок на 13 февруари 2026 особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во погоре споменатиот период локално повторно ќе наврне големо количество на воден талог и тоа над 40 литри на метар квадратен воден талог.

Што се однесува до температурите поради јужното воздушно струење до недела 15 февруари температурите ќе бидат високи за овој период од годината  и над просекот па така во поголем дел од Македонија преку ден тие ќе се искачат  или ќе надминат 10 степени а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат близу 20 степени.

Заладување на времето и продор на ладен воздух од север очекувам во текот на ноќта недела кон понеделник 15/16 февруари.

Можете да прочитате

Детали од тешката несреќа кај Хиподром: BMW и камион изгореа по судир, млад возач со тешки повреди

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Бубевски: Најостро ги демантирам клеветите на адвокатката Кадриу