Утрински Весник
Македонија

Патот Скопје – Македонски брод преку Јасен ќе биде затворен, магла на неколку превои

Stop Pat.webp.webp

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Ј.П Јасен ќе биде во целосен прекин во следниве термини:

  • Македонски Брод – Скопје од 10:30ч до 11ч. ; 
  • Скопје – Македонски Брод од 12:00ч до 12:45ч.

 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100м. Стража до 80м. и Крушево до 30 м.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус