Утрински Весник
Македонија

ДКСК оформила 65 предмети во врска со изборната кампања 2024

Dksk 730x375 1.webp.webp

Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања. 

Според посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата, за утврдените состојби во финансирање на изборните кампањи за избор на претседател и за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година, од вкупно 61 поднесени пријави од граѓани и институции, ДКСК има постапено по 53 предмети, за кои има донесено 45 одлуки од своја надлежност.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, во Собранието денеска изјави дека извештаите укажуваат на потребата од унапредување на системот за мониторинг и надзор на изборните кампањи

– ДКСК препорачува воведување на нови механизми за следење на приходи и расходи, како и реорганизација на административните процеси. Овие два извештаи претставуваат значаен документ кој дава јасна слика за состојбата за финансирање на изборните програми и ја нагласува потребата од реформи и подобрувања кои ќе обезбедат фер и транспарентен изброен процес во иднина, посочи претседателката на ДКСК шри разлгедувањето на Посебен извештај на ДКСК  за утврдените состојби во финансирање на изборната кампања за Избор на Претседател на Република Северна Македонија 2024 година  на 15. собраниска седница. 

Од вкупно донесените одлуки, донесени се 30 одлуки за запирање, 15 одлуки за отфрлање, додека 8 предмети се затворени со заклучоци поради идентична или слична содржина. 

Во рамките на своите надлежности ДКСК има покренато шест иницијативи за поведување постапка за кривично гонење по предметите по кои има постапувано. 

Исто така, ДКСК има покренато 4 иницијативи пред надлежните органи за поведување на постапка за утврдување на одговорност на службени лица. 

Можете да прочитате

Рокас: Единствена цел во мојот мандат е да и помогнам на земјава да влезе во ЕУ

Собраниска делегација на 149. Собрание на Интерпарламентарната унија во Женева

Законот за правична застапеност прво на јавна дебата, па на Венецијанска комисија