Утрински Весник
Економија

Дизелот поскапува за 5,50 денари, а бензините за 1,50

Gorivo1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,59% во однос на одлуката од 06.07.2025 година.

Според соопштеното, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит.


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 4,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,938 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,467%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,010%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 9,189% и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,604% поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,2765% 

Можете да прочитате

Божиновска: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени над 612 милијарди денари оданочив доход

Основање на Кинеско – македонска стопанска комора