Утрински Весник
Свет

Директорот на мртовечницата на Харвард продавал органи и делови од телата на починатите: имал разработена шема

Директорот на мртовечницата на Харвард продавал органи и делови од телата на починатите: имал разработена шема

Директорот на мртовечницата на Медицинскиот факултет Харвард и уште три лица се обвинети за трговија со украдени човечки останки.

dobivaj vesti na viber

Директорот Седрик Лоџ наводно земал „глави, мозоци, кожа и коски“ од трупови донирани на Медицинскиот факултет Харвард и ги продавал преку Интернет.

Според обвинението, тој и неговата сопруга Дениз продавале делови од телото на купувачи во Пенсилванија и Масачусетс во разработена шема која наводно траела од 2018 до 2021 година, пишува Би-Би-Си.

Обвинителите тврдат дека Лоџ ја искористил својата позиција како директор на Програмата за анатомски донации на Медицинскиот факултет Харвард за да ги распарчи труповите донирани за медицински истражувања.

Студентите од Харвард користат донирани тела за да учат и практикуваат медицински процедури. Кога училиштето ќе заврши со овие вежби, труповите често се кремираат, а посмртните останки се враќаат на нивните семејства или се закопуваат на медицинските гробишта на универзитетот, се наведува во обвинението.

Директорот и неговата сопруга беа обвинети дека наместо да ја следат пропишаната процедура, собирале, продавале и испраќале делови од овие донирани тела.

„Седрик Лоџ повремено дозволуваше други да влезат во мртовечницата на Медицинскиот факултет Харвард и да ги прегледаат труповите за да изберат што да купат“, се вели во соопштението на американското обвинителство.

„Некои злосторства му пркосат на здравиот разум. Кражбата и трговијата со останки на луѓе ја погодуваат суштината на она што не прави луѓе“, рече американскиот обвинител Џерард М. Карам во изјавата.

Сите четворица осомничени добија кривични пријави за заговор и меѓудржавен превоз на украдена стока. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до 15 години.

Можете да прочитате

Околу 18.000 Сиријци се вратиле дома од Јордан, по падот на Асад

Во Украина пристигаат германски тенкови „Леопард“

Банкротираше компанијата што ги произведува амблемите на Мерцедес