Утрински Весник
Економија

Директорот на ЕСМ на средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Директорот на ЕСМ на средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, присуствуваше на работен ручек, во организација на словачкиот амбасадор во Р. Северна Македонија, Хенрик Маркуш. На средбата присуствуваа и амбасадорите на земјите-членки на Вишеградската група, акредитирани во нашата земја: амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клеин, амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски.

dobivaj vesti na viber

На средбата со амбасадорите на В4 -земјите, се разговараше за билатералната соработка, особено за поддршката што ја има Северна Македонија од овие земји, беа разменети искуства за справувањето со енергетската криза, начините на справување со енергетските и економски предизвици, како и планираните инвестиции, и развојот на енергетскиот сектор.

Заеднички е оценето дека сите отворени билатерални прашања треба да се решаваат во европски дух и низ принципите на европските вредности.

Ковачевски изрази благодарност за искреното пријателство и големата поддршка што ја добива Северна Македонија од В4-земјите.

Можете да прочитате

Втор ден од Самитот на Македонија2025: Лидерството и довербата се клучни за иднината во ера на глобални промени и вештачка интелигенција

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

М-таговите отсега достапни преку мобилните оператори по цена од 49 денари месечно