Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Директорот на Царинска управа се сретна со претставници од Одделението за економски и трговски врски при Амбасадата на Грција

20241016112051 Big 730x400 63.webp.webp
Img 7972

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција. Ова беа темите на кои се дискутираше на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик директорот Гарип Каба со советник за економски и трговски прашања при амбасадата на Република Грција, Дукас Маринополус и секретарот за економски и трговски прашања Василис Гаѕарас.

„Партнерствата помагаат да се зајакне соработката, се отвораме кон сите земји во регионот при што нашата интенција е унапредување на комуникациите со Царинските управи во регионот се со цел зголемување на конкурентноста, но и сузбивање на криминалот преку размена на информации и мечирање на податоците”, истакна директорот Николовски.

На средбата воедно се разговараше за преземените активности од Царинска управа, за отворање на нов граничен премин Маркова Нога како и за можноста за размена на информации во реално време во рамки на SEED системот од грчка страна.

Можете да прочитате

ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата и задржување на финансиската стабилност

Во логистика и шпедиција има и многу работа и многу пари