Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: ЗНАМ е опција која ќе ја придвижи Македонија напред, затоа очекуваме голема поддршка

440853669 985518136267390 6932673182787848377 N 1536x1026 1.jpg

Кандидатите за пратеници на престојните парламентарни избори и претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски очекува голема поддршка од народот на 8 мај. Тој смета дека неговата партија и кандидатите за пратеници, можат да понудат нешто ново на политичката сцена и да ја придвижат Македонија напред.

„Заедно со нашите канадидати за пратеници поминуваме низ сите изборни единици. Нудиме нешто ново. Луѓе со интегритет, квалитетни луѓе, од кои секој има свој авторитет во средината кадешто пораснал, израснал. Сметам дека е време во Македонија да се избере нешто ново, поразлично од досега од класичното клише, едни исти луѓе во континуитет да ги гледаме во парламентот. Дел од другите листи, се листи за аболиција, помилување и добивање на имунитет“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека нивните листи се креативни листи со коишто во паламентот ќе влезат нови идеи и нови размислувања.

„Јас знам дека повеќе никогаш во Македонија, како што реков и претходно, нема да биде исто. Затоа што ЗНАМ ќе биде тука, секогаш со граѓаните да биде корективот и на власта, а и на опозицијата. Ние нема да бркаме по секоја цена власт, туку едноставно имаме намера да ја смениме сликата којашто во континуитет ја гледаме, а тоа е една монета од двете страни подеднакво иста и сакаме ЗНАМ да биде тука позиционирана заедно со граѓаните. Очекуваме голема поддршка за нашите кандидатски листи под реден број седум. И апелирам до граѓаните да ја поддржат нашата реално остварлива програма“ рече претседателот на ЗНАМ – За наша Македонија.

Можете да прочитате

Малески: Конфронтација со Грција и Бугарија, ќе ја фрли нашата држава без излез на море

Носителката од ГРОМ во ИЕ1, Андоновска обвинува за изборна кражба

Граѓаните со пофални зборови за досегашната работа на Пендаровски