Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: Рускиот јазик ќе се изучува во кумановските училишта

Screenshot 20240927 160627 Messenger.jpg

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, партија која е дел од Владата, денеска во својот кабинет се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

„Денеска во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската Федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово“,напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија