Утрински Весник
Македонија

Димитриевски: Коалицијата е стабилна, изјавите на Милошоски и Филков се лични ставови

Img 6527.jpeg

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, ги нарече лични ставови и видувања неодамнешните меѓусебни дискредитации помеѓу пратеникот Антонијо Милошоски и министерот за правда Игор Филков. Според него, таквите коментари не ја загрозуваат владината коалиција, која останува стабилна.

„Можеби и во иднина ќе слушаме вакви изјави, но важно е дека Владата и парламентарното мнозинство функционираат без проблеми“, истакна Димитриевски во гостувањето на ТВ Сител.


Тој ја коментираше и лидерската средба меѓу Христијан Мицкоски и Венко Филипче, нагласувајќи дека дијалогот во политиката е неопходен, но дека „креаторот на проблемите не треба повторно да биде креатор на решенијата.“

Можете да прочитате

ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа за случајот со Лотаријата

Борозан: Да се направи целосна анализа на водата во државата и јавно да се објават резултатите

ЦУК: Интервенција на три авиони и еден хеликоптер за гаснење на пожарот над село Габер