Утрински Весник
Спорт

Димитриевски: Би сакал да играм со Македонија на СП 2030, на меч во Мадрид

Димитриевски: Би сакал да играм со Македонија на СП 2030, на меч во Мадрид
Dik 300x250 mk

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димириевски е еден од главните адути на Рајо Валјекано во Ла Лига, а во интервју за „ТелеМадрид“ истакна дека би сакал кариерата да ја заврши со настап на мундијалот во 2030 година во дресот на националниот тим.

dobivaj vesti na viber

Шпанија и Португалија се кандидати за организација на Светското првенство во 2030 година, а Столе Димитриевски вели дека за него би бил перфектен крај доколку игра со Македонија на тој мундијал, на меч во Мадрид.

„Мојот сон е да ја завршам кариерата во македонскиот дрес со настап на Светското првенство во 2030 година, во Шпанија и Португалија. Тогаш ќе имам 36 години“, изјави Димитриевски.

Тој пред една година се поврзуваше со трансфер во Барселона, но можноста пропадна, па сега вели дека не би имал ништо против да остане во Рајо Валјекано уште долго, можеби и до крајот на кариерата.

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане