Утрински Весник
Магазин

Дилан лани објави дека станува жена, сега е најголемата трансѕвезда во светот

Дилан лани објави дека станува жена, сега е најголемата трансѕвезда во светот

Луѓето што редовно ги посетуваа „Инстаграм“, „Тик-ток“ и „Твитер“ минатата година сигурно ги забележале објавите на Дилан Малвени и објавите за Дилан Малвени.

dobivaj vesti na viber

Дилан се појави во медиумите на почетокот на 2022 година и оттогаш стана најголемата трансродова ѕвезда на интернет.

Тој практично во живо на интернет ја пренесуваше својата транзиција од маж во жена. На својот профил на „Тик-ток“ секој ден објавуваше видеа во кои ги опишуваше 365-те дена од транзицијата и периодот што го нарече девојчинство.

На првиот ден од своето девојчинство Дилан рече дека се чувствува како девојче бидејќи има нагон за шопинг и плаче. Потоа следуваа видеозаписи на кои Дилан излегува во природа со високи потпетици и се снима како панично се плаши од бубачки.

Дилан е ѕвезда на „Ток-ток“ со повеќе од десет милиони следбеници, а целиот негов профил е посветен на борбата за правата на трансродовата заедница.

На 25-годишна возраст постигна низа успеси и стана пејачка, актерка, танчарка, комичар, овластен инструктор по јога, рехабилитаторка на диви животни, а гостуваше во бродвејскиот мјузикл The Book of Mormon („Книгата на Мормон“).

Во ноември минатата година инфлуенсерката се сретна со американскиот претседател Џо Бајден. Двајцата разговараа за правата на трансродовите луѓе, а во тоа интервју тој призна дека го гледа тикток-серијалот за транзицијата на Дилан.

Можете да прочитате

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик