Утрински Весник
Македонија

ДИК: Во 33 општини завршија изборите за градоначалник, поднесени приговори во 11 општини

Kondarko dik.png
Dik 300x250 mk

Роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите од гласањето течеа до вчера, а Државната изборна комисија (ДИК) денеска објави за кои општини резулатите од гласањето се конечни. Од 44 општини за кои беа објавени првичните официјални резултати од гласањето за избор на градоналници, во 11 општини пристигнале приговори. Како што информираше претседателот на ДИК Борис Кондарко на денештаната седница, членовите на Комисијата по овие приговори ќе одлучуваат денеска или евентуално утре. По таквите одлуки, додаде тој, подносителите имаат право на тужба до Управен суд.

Кондарко информира дека оние општини во кои нема поднесено приговори за гласање за избор на градоначалници се 33 и за нив резулататите од гласањето во прв круг за избор на градоначалници, се конечни.


„Резултатите и имињата на кандидатите нема да ги читам зошто тие веќе се прочитани во понеделникот кога објавивме првични официјални резулатати и тие се наоѓаат на официјалната веб-страница на ДИК. Само ќе ги прочитам имињата на општините во кои гласањето за градоначалник е завршено конечно, со конечни резултати во прв изборен круг. Тоа се општините: Берово, Битола, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Желино, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Крива Паланка, Липково, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласаница, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Теараце и Штип“рече Кондарко.

Во 11 општини има поднесено приговори и таму резултатите се уште не се конечни, а ќе бидат откако ќе одлучи ДИК или евентуално Управниот суд во втор степен. Тоа се: Арачиново, Богданци, Босилово, Бутел, Велес, Гази Баба, Кривогаштани, Прилеп, Ресен, Чаир и Чашка.

За конечноста за резулатите за избор на советници во општините, ДИК објави дека во 64 општини нема поднесено приговори за гласањето на 19 октомври за избор на советници во општините и во сите овие 64 општини гласањето во првиот круг е завршено и конечни се резултатите. Тоа се: Арачиново, Центар Жупа, Маврово Ростуше, Врапчиште, Град Скопје, Берово, Битола, Боговиње, Брвеница, Валандово, Василево, Вевчани, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебар, Дебрца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Конче, Кисела Вода, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Крушево, Липково, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пласница, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Радовиш, Сарај, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струга, Струмица, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево и Штип.

За листите на советници или за гласање на советници во општините има поднесено 17 приговори по кои денеска ќе се одлучува. Тоа се за советите во општините: Шуто Оризари, Босилово, Прилеп, Гази Баба, Чашка, Аеродром, Долнени, Ресен, Бутел, Гостивар, Кривогоштани, Богданци, Чаир, Велес, Виница, Карпош и Кичево.

На седницата едногласно беа одбиени пет приговори за лично избирачко право. Кондарко информира дека тие биле доставени претходно, биле проверни и се неосновани. На овие лица, како што рече претседателот на ДИК, ќе има бидат изготват поединечни решенија и ќе им бидат доставени.

Кондарко информира дека до ДИК се поднесени вкупно 57 приговори во кои се опфатени повеќе избирачки места, од нив 37 приговори се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори се за самата постапка за гласање.

Можете да прочитате

Се трага по 13 годишно девојче од Кочани!

Никогаш не треба да се попушти кога се во прашање интересите на нашиот идентитет и интересите на Македонија, порача Мицкоски

Возач со „Опел Астра“ удри четворица пешаци па утрил во семафорот во Ново Лисиче