Утрински Весник
Спорт

Дибала ќе го тужи Јувентус за 50 милиони евра

Дибала ќе го тужи Јувентус за 50 милиони евра

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала (29) одлучи да го тужи својот поранешен клуб Јувентус за повеќе од 50 милиони евра. Аргентинецот ќе бара да му се исплати разликата меѓу договорената цифра за нов договор во 2021 година, кој на крајот не го потпиша и договорот што го доби во Рома.

dobivaj vesti na viber

„Кориере дела сера“ пренесува дека Дибала преку својот адвокат Лука Ферари покренал постапка во која бара исплата на договорените средства, и покрај тоа што двете страни не потпишале ништо.

Тој смета дека договорот меѓу двете страни за петгодишен договор вреден 9,2 милиони евра по сезона е нешто што треба да го почитуваат, а покрај оваа цифра бара и три милиони евра кои клубот бил обврзан да му ги плати за време на финансиските маневри поради кои на торинскиот клуб му беа одземени 15 бода.

„Јувентус ми должи над три милиони евра за плати од 2021 година. Рокот за исплата е до април, а доколку тоа не се случи, адвокатите ќе мора да ги тужат, иако цело време се обидував да го избегнам тоа “, изјави Дибала.

„Мислам дека ќе бидат гонети од две страни. Првата тужба ќе се однесува на неисполнување на договорената соработка, а втората на обврските од договорот што тој го потпиша“, изјави адвокатот Лука Ферари.

Јувентус се откажа од продолжување на соработката со Дибала откако го купи Душан Влаховиќ. Тие решија да го пуштат Аргентинецот во Рома бесплатно, а тој се договори со Рома за многу помала цифра од непотпишаниот договор со „Старата дама“.

Тој сака да ја наплати разликата меѓу договорите и ќе започне постапка против тимот во кој настапуваше од 2015 до 2022 година.

Сепак, тешко дека ќе може да дојде до 50 милиони евра, но сигурно ќе си ги добие заработените нешто повеќе од три милиони.

Дибала одигра 293 натпревари за Јувентус и постигна 115 голови.

Можете да прочитате

Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место

Пиоли ќе добие отказ, постои список со пет имиња за негов наследник

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата