Утрински Весник
Економија

Дијаспората во Македонија лани испратила 310 милиони евра

Evra.webp.webp

Македоските граѓани кои живеат и работат во странство, минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП.

Во апсолутни бројки, тоа е пад споредено со 2023 и 2022 година кога во земјава од дијаспората се влеале 319 односно 323 милиони евра.

Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4,47 милијарди евра, потоа следи на БиХ со 1,99, Косово со 1,32 милијарди евра, Албанија со 1,28 милијарди и Црна Гора со 345 милиони евра.

И по овој податок, Македонија е на дното во регионот на Западен Балкан.

Можете да прочитате

Нелогични трансaкции од 2 милиони, неисплатени добивки од над еден милион евра – Ревизија откри хаос во Државна лотарија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено

Стартува авиолинијата Скопје – Прага, се обновува и летот до Келн