Утрински Весник
Свет

Девојката на момче што го изеде ајкула во Хургада е скршена, очевидци велат дека била со него во водата

Девојката на момче што го изеде ајкула во Хургада е скршена, очевидци велат дека била со него во водата

Египет привремено ги затвори плажите откако 23-годишен маж беше нападнат и убиен од ајкула пред очите на неговиот вознемирен татко, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

Нема веќе нуркање, пливање и спортови на вода откако Владимир Попов беше каснат до смрт од тигреста ајкула во одморалиштето Хургада.

Очевидци велат дека во морето во моментот на нападот била и девојката на жртвата, додека беспомошниот татко на Владимир гледал се’ од брегот.

Светските медиуми пишуваат дека девојката на Владимир е скршена по загубата на нејзиниот сакан.

Таткото на  убиеното момче раскажа дека немало членови на семејството во близина на неговиот син за да му помогнат во водата.

„Каква помош можете да пружите? Оваа мелница за месо го уби за 20 секунди, едноставно го одвлече под вода“, изјави таткото.

Забраната за пливање ги опфаќа плажите од северното летувалиште Ел-Гуна до јужната граница на заливот Абу Соума.

Египетското Министерство за животна средина објави: „Др. Јасмин Фуад, министерот за животна средина, им нареди на персоналот специјализиран за вакви инциденти да ги применат сите мерки за постигнување на максимално ниво на безбедност на бреговите на Црвеното Море и да направат се што е можно повеќе да нема инциденти со ајкули.

Поради ненормалното однесување на ајкулата и фактот дека имало напади врз луѓе во минатото, тим прави анализа врз ајкулата што го предизвикала инцидентот со цел да ги открие можните причини за нападот и да види дали истата предизвикала претходни несреќи“.

 

 

 

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години