Утрински Весник
Магазин

Девојчињата и жените со аутизам често се дијагностицираат доцна

Autizam.jpg

Жените може да се подеднакво често аутистични како и мажите, но во детството значително поретко ја добиваат дијагнозата, покажува обемна студија предводена од Институтот Каролинска во Шведска. Истражувањето, кое опфатило 2,7 милиони лица родени меѓу 1985 и 2020 година, утврдило дека 2,8 проценти од испитаниците добиле дијагноза на аутизам меѓу втората и 37-та година од животот. До 20-годишна возраст, разликата меѓу мажите и жените речиси целосно се изедначува, што го доведува во прашање ставот дека аутизмот е значително почест кај мажите. Во детството, момчињата во просек биле дијагностицирани речиси три години порано од девојчињата.

Под 10-годишна возраст, тие биле три до четири пати почесто дијагностицирани, додека кај девојчињата бројот на дијагнози нагло расте во адолесценцијата. Авторите на студијата, објавена во BMJ, посочуваат дека ваквите разлики укажуваат на недоволно препознавање на аутизмот кај девојчињата и жените. Според експертите, тие често добиваат погрешни дијагнози, како анксиозност или депресија, наместо навремена поддршка. Од здруженијата за аутизам апелираат за надминување на родовите стереотипи и подобрување на дијагностичките методи, со цел сите да добијат соодветна и навремена помош.

Можете да прочитате

По гребените на Шар планина и Кораб: Македонија има нова планинарска трансверзала број еден на Балканот

Lazarov Awards 2026: Признанија за најдобрите и нов почеток за едно семејство

Во полн ек се теренските истражувања на дивиот свет во Преспа