Утрински Весник
Свет

Девојче паднало од тераса додека нејзините родители спиеле во собата во Шпанија

Spanija.jpg

Трагедија се случила на Мајорка кога 11-годишно девојче загина по пад од хотелска тераса во едно од популарните одморалишта во оваа шпанска дестинација.

Детето паднало од седми кат, односно од над 20 метри височина, а како дошло до несреќата се уште не се знае.

Девојчето по потекло од Ирска била на одмор со родителите на популарна туристичка дестинација.

Според медиумите, семејството требало да го напушти хотелот во понеделникот и да се врати во Ирска, но трагичниот настан се случил рано утрото околу 6 часот.

Во моментот на трагедијата родителите спиеле во собата.

Девојчето паднало од терасата право на настрешницата на ресторанот на приземје. Веднаш по падот, спасувачите пристигнале во хотелот и се обиделе да ја оживеат, но брзо била констатирана смрт.

Според британски „Мирор“, родителите имаат уште две деца, но не се знае дали тие биле со нив во хотелската соба во моментот на несреќата.

Според написите, Мајорка со години има проблем со падовите над терасата, кои најчесто се поврзани со акробации кои ги изведуваат млади луѓе во алкохолизирана состојба.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња