Утрински Весник
Македонија

Деветнаесетгодишно момче од Турција донесено на скопските клиники во тешка состојба по што починало, нема траги на насилство

Klinicki centar.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера 19-годишен турски државјанин со престој во Скопје бил примен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во тешка здравствена состојба, по што починал.

Како што информираа од МВР, кај турскиот државјанин О. Ј. немало видливи траги на насилство.

Деветнаесетгодишникот бил примен на клиниките околу 10. 15 часот во тешка здравствена состојба. Тој починал околу 12. 40. часот. Случајот бил пријавен вчера во 14. 30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, информира МВР.

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk