Утрински Весник
Македонија

Девет повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево – сите однесени во болница

Soobrakajka 1 1.jpg

На 20.07.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Трапчин Дол, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.Ф.(74) од Скопје и патничко возило „тојота“ со чешки национални ознаки, управувано од П.Х.(44) од Република Чешка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Т.Ф. и А.Х.(78) од Република Чешка, сопатничка од возилото „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле возачот П.Х. и тројца негови сопатници, П.С.Х.(44) и двајца малолетници, сите од Република Чешка, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Можете да прочитате

На 22 септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери Пешевска

Левица: Институционален неуспех што убива, а можеше да се спречи – уште еден фемицид во Велес 

СДСМ: Нема учебници, бараме оставка од Јаневска!