Утрински Весник
Свет

Дете паднало во кома откако јадело гумени бомбони „Харибо“

Haribo bonboni.jpg

Дете паднало во кома откако изело бомбони Харибо за кои се покажало дека содржат канабис, потврди болницата “Ziekenhuisgroep Twente” во Холандија.

Станува збор за две деца – едно дете од градинка и едно од предучилишна возраст, пишува „НЛ Тајмс“.


Портпаролот на болницата изјавил дека поради заштита на приватноста, не можат да откријат повеќе детали, но нагласил дека инцидентот на почетокот не бил сфатен сериозно.

-На почетокот се шегувавме за тоа, но се покажа дека е многу посериозно отколку што мислевме – рекол портпаролот.

Според последните информации, двете деца сега се чувствуваат добро и се опоравуваат. Полицијата започнала истрага за тоа како канабисот се нашол во комерцијално достапните бомбони.

Компанијата „Харибо“ вчера објави дека „олеснителна околност“ е тоа што децата се надвор од опасност и дека соработува со надлежните органи во истрагата.
Официјалната причина за контаминацијата сè уште не е позната.

Како што беше објавено пред неколку дена, Холандската агенција за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка (NVWA) објави дека канабис е пронајден во килограмски кеси со бомбони „Харибо“ „Hepi Kola F!ZZ), поради што тој производ е повлечен од продажба низ целата земја.

Откритието следеше по извештаите дека неколку членови на едно семејство се разболеле откако го изеле производот, објави денес „НЛ Тајмс“.

Досега се идентификувани само три кеси со бомбони контаминирани со канабис, но Харибо ја повлекува целата серија како мерка на претпазливост, пренесува ало.рс.

Можете да прочитате

Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени

Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија

Германија мора да регрутира до 60.000 нови војници за да ги исполни целите на НАТО