Утрински Весник
Македонија

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Ведро, особено на планините и Скијачките центри, магливо по котлините!

Meteoalarm.mk 47.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

За новогодишната ноќ, односно ноќта вторник кон среда 31 Декември 2024, кон 1 Јануари 2025 година, и во среда на 1 Јануари 2025 во текот на денот, особено на планините и на Скијачките центри времето ќе биде претежно сончево и тивко, додека по котлините ќе биде магливо, со намалена видливост, како и со ниска облачност.


И во Скопскиот регион за новогодишната ноќ, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини ќе биде ведро и тивко, додека во ниските предели од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.

Што се однесува до температурите, за време на новогодишната ноќ тие е се движат во интервалот од -3 до 2 степени, додека на 1 Јануари 2025 (среда) во текот на денот максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Исто така, постудено ќе остане во котлините со магла  и со ниска облачност. Во Скопје пак на 1 Јануари 2025 година во текот на денот максималната температура ќе се искачи до околку 7 степени.

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“