Утрински Весник
Македонија

Деспотовски: Важно е СДСМ да се позиционира како сериозна водечка опозициска партија

Despotovski.webp.webp

„Треба да си дозволиме да зборуваме за позитивни работи во целата оваа ситуација за СДСМ. Она што дава надеж ако сме доволно мудри и доблесни во овој период е да продолжиме напред и да станеме повторно политичка сила во државата. Една од добрите работи во целата ситуација е што СДСМ остана една од најголемите политички партии во државата по овие избори. Факт е дека по бројот на гласови сме пред политичката партија ДУИ. Важно е СДСМ да се позиционира како сериозна водечка опозициска партија. Ако се базираме на принципи, вредности и на политики коишто треба повторно да ги презентираме пред граѓаните и да ги поттикнеме да не слушаат па потоа да ја вратиме довербата. Треба да си ги заслужиме местото“, рече директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и член на раководството на СДСМ во Студио 10 на Телевизија 24.

Тој посочи дека како член на СДСМ вчера добил информација преку медиумите дека партискиот претседател дал оставка, што според него е задоцнет чекор, меѓутоа чекор во вистинска насока.

„Очекувам овој чекор да го следат и сите останати членови на раководството на партијата за да може веднаш да се премине во делот на отворена дискусија за тоа кои се причините за овој резултат“, заклучи Деспотовски.

Можете да прочитате

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола

СВР Скопје расчисти кривични дела „убиство” и „убиство во обид”, кои се случија месецов, поднесени пријави против три лица

Министерот Љутков: Илинденските денови во Битола се огледало на мултикултурната разновидност